речник контакт

Пронајден машки леш во Вардар, близу Велес

Обдукцијата треба да ја открие причината за смртта и идентитеот на лицето

Петар Печков

Пронајден е леш во реката Вардар, во близина на Велес.  Телото го пронашло лице од Здружението на  Спортски Риболовци ,,Бабуна,, кој бил во вообичаена контролна  обиколка на реката.

Беше околу пладне, околу 12 часот, кога  во месноста Кораб, на Вардар. близу вливот на реката Бабуна, на дрвјата здогледав леш. Пријавив во полиција, по што дојдоа пожарникари го  земаа и однесоа - вели спортскиот риболовец кој ги пронашол телото.  

Според МВР тоа било во фаза на распаѓање, станувало збор за маж и по барање на јавен обвинител е предадено на обдукција. Таа треба да ги открие причините за смртта но и идентитетот на пронајдениот леш. Во велешко годинава како исчезнати и  се уште не пронајдени, се водат три лица.

 Двете пронајдени тела  во Вардар годинава на 28 јуни и на 14 октомври не  се идентификувани. Пристигнатиот материјал во Институтот за патологија, на блиски од исчезнатите не се совпаднал со тој од пронајдените.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »