речник контакт

Пронајден најдолгиот прост број

Ако сакате да го испечатите овој број, ќе ви бидат потребни 9.000 страници, или тој се протега на 118 километри. Доказот за него одзел 6 дена непрестајна работа на компјутер

Петар Печков

Го добил името „Мерсен“ прост број, кој е пронајден преку множење на 2-ки многу пати, па одземајќи една од финалниот број, или поточно преку множење на 2-ки 77.232.917 пати, а потоа одземајќи една 2-ка.

Бројот има речиси еден милион цифри повеќе од претходниот прост број што го држеше рекордот. Како што броевите стануваат подолги, простите броеви (оние што се деливи само со 1 и со себе), стануваат сè потешки за пронаоѓање. Нема шема за нивна дистрибуција, па не е толку едноставно како што е користењето на алгоритам.

Дури и формулата за пронаоѓање на „Мерсен“ прости броеви, кои се именувани според свештеникот од 17 век Марин Мерсен, кој ги проучувал, не е сигурна метода, туку е само начин за насочување кон местата каде што може да се пронајдат. По користењето на формулата за креирање број, потоа мора да се помине процес на тестирање, делејќи го со секој број што би можел да биде фактор. За долги броеви, ова навистина одзема време. 

Бројот бил пронајден на 26 декември 2017 година. Доказот за него одзел 6 дена непрестајна работа на компјутер. 4 различни софтверски програми работеле на 4 различни хардверски конфигурации, кои исто така го тестирале бројот за да го утврдат пронајдокот. Интересно е што ако сакате да го испечатите овој број, ќе ви бидат потребни 9.000 страници, или уште може да се каже дека тој се протега на 118 километри. 

Простите броеви најчесто се користат во шифри бидејќи е многу тешко да се откријат. Колку што се подолги простите броеви, толку посилен ќе биде компјутерот кој ги содржи како шифри. За математичарите, пак, потрагата по прости броеви е како потрага по богатство. Дури и буквално, за откривање нови рекорди се доделуваат и парични награди. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец 1919 ќе го мине баражот и ќе влезе во Прва лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »