речник контакт

Пронјадена мртва жена во нејзиниот дом во Кавадарци, со повреди по телото

Обдукцијата треба да даде одговор за причината за смртта, колку дена и кога починала и од што

Петар Печков

Откако неколку дена немало остварено контакт со мајка си, ќерката влегла доцна синоќа во домот, при што ја пронашла почината. Обвинителството и полицијата го истражуваат случајот, оти кај починатата биле пронајдени траги од повреди по телото. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 22.01.2025 во 23.40 часот во СВР Велес- ОВР Кавадарци, Д.Т. од Кавадарци пријавила дека во станот во кој живее во Кавадарци ја пронашла почината со повреди по телото нејзината мајка С.С.С.(52) од Кавадарци. Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт“ – информира Ненад Колев од СВР Велес.

Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Кавадарци и јавен обвинител од ОЈО Кавадарци, по чија наредба телото било дадено на обдукција.Таа треба да даде одговор за причината за смртта на жената, колку дена и кога била почината и од што.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »