речник контакт

Протестирам, протестираа и во Велес (фото)

Организаторот: ги повикавме да дојдат сите граѓани кои се желни за слобода и правда

Петар Печков

Неформалната граѓанска иницијатива ,,Протестирам,, организираше протести и во Велес. Тие беа мирни а  скоро два часа учесниците минаа по велешките улици, почнувајќи од Авона по Благој Ѓорев, 8-ми Септември, Гоце Делчев, Страшо Пинџур па преку Алексо Демниевски се до Младински парк, каде протестот заврши.  

Протестантите бараа:

– Оставка на Претседателот на Републиката поради срамниот обид да ја попречи правдата и да ги аболицира криминалците;

– Отпочнување на процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, кредибилни и демократски избори и која ќе го помогне, наместо да го саботира соочувањето со правдата на политичарите и властодршците за сторените кривични и криминални дела;

– Конечно, бараме итно суспендирање на отпочнатиот процес на распишување на парламентарни избори.

Ни остана само улицата како средство   за демократски промени и каде можеме да го искажеме нашиот револт. Овие протести се на сите граѓанки и граѓани и нема политичка позадина ниту некоја партија стои зад нас. Ги повикавме  да дојдат сите граѓани кои се желни за слобода и правда - рече   Александар Стојковски. 

 Протестатните застанаа пред седиштето на ОК на ВМРО-ДПМНЕ  во центарот на градот,   каде имаше силно полициско обебзедување.  Протестантите упатија свирежи и повици за заминување на партијата од власт, инциденти немаше. И тука и  во текот на целиот протест. 

 фотографиите се сопственост на  порталот Ти реков  ми рече. Не можат да се објавуваат без досвола и согласност . 

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »