речник контакт

Протести, протести, протести

Претпладнево на три различни локации, протестираа вработените од ЈП Македонија пат, социјалците и граѓаните кои се засегнати од промената на имињата на улиците

Петар Печков

Велешките социјалци протестираа пред Центарот за социјални работи, откако од денес започнале да им наплатуваат  во Катастарот по 450 денари за добивање на имотен лист. Истиот им е неопходен заради пререгистрација, за добивање на социјална помош. Ова категорија на граѓани е лута, бидејќи поголем дел од парите што ги добиваат како парична помош,  ја потрошиле за добивање на потребни документи.

Дома сме шест лица, за да го добијам овој документ платив 2.400 денари а примам  три илјади денари. Плус морам да одам до Куманово за да извадам лично јас и сопругата извод од книгата на родените и венчаните и верувајте, сите пари што ги добив пред некој ден ги потрошив за администрација. Ами треба ли да јадеме, платиме сметки. Како ќе живееме овој месец- вели жител на Велес.

Пред Центарот беа собрани стотина лица. Тие непријатно биле изненадени  вчераутро, кога отишле во Катастарот за да ги добијат документите кои уредно ги платиле и поднеле минатата седмица. За да ги добијат морале да доплатат. Од вкупно 450 денари, центарот за социјални грижи им ги враќа 50-те денари за такса, додека 400 денари се трошок на подносителот. Поради ваквата состојба, велешките социјалци најавија четврток протестен марш од зградат ана Центарот за социјално од Катастарот. Од таму информираа дека новата цена е според методологијата на пресметка, за новата услуга што надлежните ја бараат.

Од Центарот за социјални грижи побраа имотните листови за социјалните случаи да бидат на име на  подносителот за имот на територијата на цела Македонија, а не само за Велес. Поради ова  барањата се препраќаат во Скопје каде единствено може да се добие валиден документ. Во ваквите случаи, не по наша вина, туку по барање на Центарот, потребниот документ е со цена од 450 денари- објаснуваат од Катастарот.

           

Стоипедесет вработени од Подрачната единица на ЈП Македонија пат од Велес  претпладнево протестираа во кругот од претпријатието. Тие два  часа не ги извршуваа работните обврски барајќи да им бидат исплатени заостанати плати.

Наназад три месеци немаме пара добиено, ниту се платени придонесите за здравство и ПИОМ. Ги бараме  парите од теренските надоместоци од првите три месеци годинава. Ако не се исплатат во најбрз можен рок, ќе започнеме и штрајк. Нека повели некој нека работи и живее без пари. Доста беа ветувања, од нив не се рани семејство –велат вработените од ПЕ на ЈП Македонија пат.

   

Протестираа и  група граѓани  поради најавите за промена на имињата на улиците во градот. Тие беа пред општинската зграда, пред почетокот на работата на Советот.

Се собравме тука, поради промената на имињата на улиците. На овој сиромашен народ уште тоа му фали.Сите документи треба да ги смениме, од лична карта, пасош, имотен лист во катстар, возачка дозвола. Тоа би чинело до четири илјади денари по човек. Гробните места ги качија од 80 на 120 денари месечно, што се утше нема да качат. Тоа се апри, од каде да ги најдеме, што попрво, за живот, за комуналии или за двакви давачки - велат жителите на улиците  чии имиња  се најавува дека ќе се сменат. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »