речник контакт

Протести во Лозовo, протести во Ногаевци

Првите се жалат на нерабтота на АК Џумајлија, вторите бараат мост над реката Вардар

Петар Печков

 Стотина вработени од АК Џумајлија од Лозово штрајкуваа пред  административната  зграда на комбинатот. Си ги бараат седумте заостанати плати, плаќање на придонесите кон ПИОМ и Здравство и бараат одговор зошто од пред два месеци се пратени на принуден одмор.

Гневни се што комбинатот не работи, тие се без работа а немаат ни вистински информации што се случува таму. Лути се што се раскрчмува имотот на АД Џумајлија,кој  според нив бил незаконски ставен под хипотека и бараат помош од државните институции.

Не знаеме што се случува, само знаеме дека не пратија дома нас земјоделците и лозарите без објаснување. Плати и пари нема, но фирмата била во огромни долгови, сметката е блокирана. Од комбинатот живее цело село Лозово, преку лето 500 души сезонски вадат леб, ние сме двесте вработени, како ќе не биде сега  сите на улица – велат работниците. 

Тие насила се обидоа да влезат во управната зграда на АД Џумајлија но во тоа ги спречи обезбедувањето. Дел од присутните се пожалија дека им должат пари за откупено грозје  и чекаат уште од 2008-ма и 2009-та година. Работниците кои протестираа биле и акционери,  велат имале 49 отсто од акциите во друштвото.

Тоа има три работни единици земјоделие, лозарство и Винарска визба и е во сопственост на Зоран Даневски.  Поради  финансиските проблеми кои ги има комбинатот,  Винарската визба ,,Џумајлија,, годинава не доби лиценца за откуп на грозје. Долгот на комбинатот од Лозово   според работниците изнесува околу 10-тина милиони денари.

         

Жителите од селото Ногаевци протестираа пред паднатиот мост, откако тој се сруши под надојдениот Вардар пред една година. Тие на овој начин го искажаа нивниот револт поради маките што ги имаат сега со дополнителниот превоз, а кој се мери со десетици километри за да стигнат до посакуваната цел.

Градско ни е на 5 км од нас, но сега откако мостот се сруши мораме да вртиме околу по лош тампониран пат  и да стигнеме до населбата  ни требаат 50 км. Сега зимно време овој импровизиран мост кој сами го изградивме  е подмрзнат, веќе попушта и не страв некое од децата кои минат да не настрада. Бараме надлежните побрза за започнат со градба на нов мост. Вака сме блиску до џадето, ама се отсечени од светот.  Болен човек не можеме да го пренесеме преку овој импровизиран мост – велат жителите на селото Ногаевци.

Тоа им ги зголемувало трошоците на земјоделските производи и тие биле неконкурентни на пазарот. Од локалната власт на Градско стигна брзо одговорот, мостот ќе биде завршен наредната година.

Ја подготвивме градежната и проектна  документација а Владата ја одбори изградбата на  нов мост на реката Вардар кај Ногаевци. Средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт  и врски – изјави Григур Коцев градоначалник на општина Градско.

Изградбата на нов мост ќе чинела 350 илјади евра. Паднатиот мост им беше единствена комуникација со светот, но откако тој се  падна пред надојдените води на Вардар, тие преку импровизиран пат до селото Кочилари  мораат обиколно да стигнуваат до Велес или Градско.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »