речник контакт

Протести на вработените во Македонија пат

Предупредувачки прекин на работата од два часа, со кој се бараат три заостанати плати

Петар Печков

Предупредувачки прекин на работата  во ЈП Македонија пат. Врабтеоните ги барат трите заостанати плати и неплатените надоместоци. Голготата низ која минуват вработените во „Македонија пат“ никако да запре. Повторно  немаат земено три плати и теренски додатоци кои не им се исплатени уште од минатата година. Револтирани од проблемите кои се провлекуваат подолг период ги блокираа подружниците на претпријатието низ целата држава.


Ние добиваме пари од сработеното, но веднаш заминуваат за судски прекршоци и тужби кои ги добиваме. Ова е голем проблем поради кој не можеме да земеме плата - вели  Мери Перкова. Бараат санкции за сите претходни директори кои со криминално работење го довеле претпријатието во загуби. Доколку не добијат пари до понеденик, од вторник ќе започнат штрајк. Објаснуваат дека зимава и покрај лошата финансиска состојба на претпријатето, тие максимално се залагале и ги одржувале патиштата.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »