речник контакт

Протест за Фросина во Неготино, таткото вели ова е убиство

На протестот во Неготино беа и родителите на Викторија Николова до Радовиш, која смртно настрада во сообраќајка на пешачки пред три години во Скопје. Стопителот доби четири години затвор

Петар Печков

Неготинци се простија од нивната сограѓанка Фросина Кулакова, која звчера беше прегазена на пешачки во Скопје. Родителите, роднините, пријатели, другарките  на плоштадот во Неготино, со протест  ја испратија младата Фросина  на вечното почивалиште.

Скршени од болка, родителите и сестра и, се заблогадарија на сограѓаните што се собраа во толкав број за да го искажат нивниот револт  од трагичниот настан. Таткото вели  дека овде се работи за убиство.

„Ова наше правосудство  е коренот на сите наши проблеми, протежира неказнивост, кое потоа се одразува на сите сфери во животот. Имаме ли неказнивост, имаме тотален распад во системот, во државата. Не само во сообраќајот, туку и во другите сфери.  Последиците ги трпат децата. Тој  губитник  по сите мерила на животот,  што  го  направи ова, влезен во некој лош филм, ни уби бисер од дете, врвен дизајнер. Се поради таа неказнивост“ -  кажа низ солзи таткото Тодор Кулаков.  
Пијан, со голема брзина од 120 км/ч, на црвено, на  пешачки премин, осомничениот Васил Јованов ја прегази Фросина Кулакова, средата вечер на  Партизанска.
Жителите на Неготино бараат правда за Фросина. Меѓу бројните присутни беа и родителите на Викторија Николова,  Славе и Сузана од Радовиш. Тие дојдоа да дадат поддршка на родителите на Фросина.
„Изразуваме сочувство на родителите на Фросина. Не ја постигнавме целта за нашата Викторија, четири години е премалку за тоа што го доби сторителот, судијката и сторителот на душа ќе ја носат нашате ќерка. Судијката немаше храброст ни пресудата да ја прочита.  Сакаме за Фросина барем да ја постигнеме првдата.  Судиите да размислат пред да пресудат. Викторија и Фросина се ангели, кои заминаа прерано“ – рече Славе Николов.

Нивната ќерка беше прегазена на пешачки на Партизанска, кај Сити мол на 20 јануари 2022 година.  
За недела во 12ч. е најавен протест  на жителите од Тиквешијата, во Кавадарци а по смртта на Фросина Кулакова од Неготино.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »