речник контакт

Протест на тезгаџиите поради радиодифузна такса

80-тина тезгаџии од Градскиот пазар кои продаваат непрехрамбена стока, добиле решенија за плаќање на радидифузна такса иако немаат струја на тезгата

Петар Печков

Протест на велешките тезгаџии од Градскиот пазар, откако 80-тина сопственици добија годишни  сметки за плаќање на радио дифузната такса.  Тие се збунети и не знаат по која основа се задолжени дека треба да  ги добиваат овие решенија, кога тие не користеле електрична енергија.

Ова е смешно и преседан, бидејќи немаме услови да работиме, нема струја, а ни бараат пари за телевизија.  Затоа  сум со вода која капе поради прокиснување на старите тезги или пак во вода стојам поради лошата нивелација на земјиштето. Може ќе ни донесат и по еден ЛЦД телевизор да ги гледаме седниците на парламентарците кои ја изгласале оваа одлука. Решенијата се адресирани на тезгата која е со адреса на пазарот, немаме дома фирма, ниту продаваме на друго место, освен тука, значи им е познато  што и каде продаваме  – велат луто велешките тезгаџии кои  на Градскиот  пазар нудат непрехранбена стока. 

Тие посочуваат дена на десетина метри до нив, надвор од оградата на пазарот, има многу повеќе диви препродавачи на исти производи, кои не плаќаат ништо на државата а се толерираат, додека од легалните се бара да се плаќаат секакви  па и апсурдни давачки.  Некој од нив поднеле жалба, откако ги платиле сметките, но им ја отфрлиле како неоснована со образложение дека се трговец поединиец, без оглед каде и што работат.

На реакциите се приклучи и поранешниот претседател на Боречкиот клуб Борец, кој добил сметка за радиодифузна такса иако клубот не постои пет години, сметката во УЈП им мирувала а во Банката била затворена, просторија немале. Велешките тезгаџии стравуваат дека ако не го платат долгот, средствата ќе бидат одземени од нивните сметки каде имало скромни суми.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »