речник контакт

Протест со блокада на сообраќајниците, утрово на независниот полициски синдикат

Протестираа и шумската, затворската и судската полиција

Петар Печков

Со блокада на магистралниот пат Велес -Штип, на штипска клучка, Независниот полициски  синдикат одржа протест поради ниските плати. Утрово вработени во полицијата, шумската, затворската и судската полиција од Велес  протестираа од 7 до 9 часот,  блокирајќи го   влезот  во Велес од правец на Штип.  Протестот беше под мотото ,,Враќање на достоинството на полицијата,,. 

Нашите барања се повисока плата за 25 отсто, почнувајќи од месец октомври 2019-та, колективен договор со шумска и затворската полиција. Бараме повисока плата оти месечниот пораст на трошоците за живот изнесува над 5% во последните три месеци - стои во писменото барање кое подоцна во текот на денот ќе биде доставено и до Владата. 

Според нивните најави вакви протести утрово  имало и во Штип, Прилеп,  Виница, Прилеп, Кичево, Куманово, Тетово. Ваков протест е најавен и за среда наутро, во истиот термин, на истите локации. 

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »