речник контакт

Процветаа јапонските цреши во Велес

Во Градскиот парк процветаа трите стебла на јапонски цреши. ЈКП Дервен пак минатата година засади 50-тина садници со исто дрво во паркот пред Гимназијата, кои годинава прв пат процветаа.

Петар Печков


За убавинта на ова дрво не треба да се трошат сборови.
Ова е и мало потсетување дека можете да им помогнете на јапонците по катстрофата што ги снајде. Колку за потсетување, тие пред некоја година на Велес му подарија мамограф, вреден 40 илајди евра, по што велешките жени нема потреба да патуват и чекаат со месеци за рано откривање на ракот на дојката.

Катастрофалниот земјотрес и цунамито кои ја погодија Јапонија предизвикаа големи материјални штети и човечки загуби. Во знак на солидарност со народот во Јапонија, граѓаните, организациите и компаниите во Македонија можат да дадат поддршка во напорите кои ги презема Јапонскиот црвен крст за помош на настраданото население погодено со катастрофата.

Средствата можат да се уплатат во Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија на жиро сметка: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: за настраданото население во Јапонија, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви:

    * 070 143 400
    * 075 143 400
    * 077 143 400


Средствата можат да се донираат до 18 април 2011 година и истите ќе бидат префрлени на Јапонскиот црвен крст за настраданото население

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »