речник контакт

РК Борец пролетва со пет засилувања

Во матичниот клуб се врати Игор Тодоровски, а желба е да се избегне бараж натпреварот за опстанок во лигата.

Петар Печков

Ракометниот суперлигаш Борец се засили со петмина нови ракометари за вториот дел од првенството. Со велешкиот лигаш договори потпишаа Игор Тодоровски десен бек и пикерот Љупчо Игнов, велешани кои се враќаат во матичниот клуб, додека на позајмица од скопски Вардар е добиен Мартин Клинчаров десно крило,  а од МРК Вардар за пролетниот дел од првенството добиени се Влатко Јовчевски лево крило и левиот бек Бобан Димовски.

Во РК Борец како спонзор влезе  Кочо Анѓушев еден од сопствениците на компанијата Брако, кој најавува силен и амбициозен тим за следната сезона а во оваа да останат во лигата и го избегнат бараж натпреварот. Вториот дел од првенството започнува ан 19-ти февруари, кога Борец е слободен.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »