речник контакт

Работниците во цунами транзиција, без права и на улица

За сите дваесет години од постоењето на самостојна Македонија континуирано работничките права се намалуваат и се кршат

Петар Печков

За сите дваесет години од постоењето на самостојна Македонија континуирано работничките права во Македонија се намалуваат и се кршат, беше кажано на   трибината на Движењето за социјална правда ,,Ленка,, одржана во Велес.

За истражување на овој проблем со кој се судруваат стотина илјади вработени анализирани се 24 Закони од сферата на работничките права, на трудовото право што е презентирано во првата студија од трудовото право во земјава ,,Обезвреднување на трудот,, . Со неа авторите докажуваат дека работниците се на маргините на законите  со нивните права..

Намалувањето на работничките права е сериозен проблем кој го правеле сите Влади во Македонија изминатите 20 години и тие се кршат со идеја и објаснување дека ќе просперира економијата, дека  тоа е нужно бидејќи работничките права биле многу големи. А состојбата е катастрофална, две децении правата се намалуваат  а просперитет нема.  Во пет наврати се случи да им се намалуваат примањата на невработените со објаснување дека тие имале премногу пари и не биле стимулирани да работат. Во 98 година 17 година од невработените земаа а сега само 7 проценти од нив земаат надоместок. Од 2005-та до 2008-та  драстично  се намали сумата за невработените  за третина и тие пари се прелеваат на други несоодветни места.

Се губи правото на социјална помош  или заштита доколку сами си дадете отказ или газдата ве отпушти по ваша вина. СДСМ милуваше да ги крати правата на невработените  а ВМРО-ДПМНЕ има голема желба да ги крати правата од Законот за ПИОМ. Така  пред неколку години одевте во пензија со наполнети години за стаж а сега се заминува со наполнета старосна граница.  И таа е зголемена во 93-тата изнесуваше 60 за мажи сега со 64, кај жените е подрастично  од 55  во 93-та сега со 62 а има најави и за ова зголемување. На инвалидите  на трудот на им е укината правото на скратено работно време и земањето надомест за тоа, сега тие работат полно работно време  – професор д-р Здравко Савевски.

Овие 24 закони од трудовото право  според стручњаците биле правно најнесигурната област во земјава бидејќи тие безмалку секој месец се менуваат и секогаш на штета на работниците. Иако државата била должна да воспостави рамнотежа помеѓу приватниот и јавниот интерес во пракса тоа не се случувало. Присутните работници на трибината овој 20 годишен период на трансформација го нарекува цунами транзиција.

  Во Македонија дваесет години се спроведува проект на работничка гилотина и првата на работниците систематски и хируршки прецизно се намалуваат во овој процес на транзиција. Законот за работни односи е работнички Устав и досега е носен во  три наврати и тој во поглед со ЕУ директивата е изедначен со пет ставки додека остануваат уште 15 да се усогласат.  Кратењата на работничките права  се најдрастични кај технолошкиот вишок. Сега  дискреционо право е на работодавецот да ве избрка од работа без критериуми туку на лични согледувања, претходно имаше обврска нив или синдикатот да ги информира сега нема, и доколку некој денес замине технолошки вишок, утре работодавецот може да прими на негово место било. При прогласувањето на технолошки вишок работодавецот имаше обврска да ви даде испратнина.

Сега со секоја промена оваа таа се намалуваше и по време и по висина.  Со ребалансот на Републичкиот Буџет беа обезбедени средства за  примена  на Законот на стечајци но наместо 6 илјади работници надоемсток добија само две илјади. Ниту една жалба   на стечаец по решение од Агенцијата за вработување не беше прифатена што е вистинска реткост, што за мене укажува за политичка директива. Списокот на фирми приватни и државни врз основа на кои стечајците добиваа надоместок, кој беше должна да го изработи државата, никако да го добиеме во ниту една институција а според него многу некогашни работници останаа без  финансиска поддршка – мр-р Димче Апасиев.

На трибината како позитивно беше посочено  што инспекцијата на труд има зголемување на нивните права и обврски во интерес на вработените.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »