речник контакт

Радиодифузната давачка ја испразни касата на Фондацијата Коле Неделковски

Фондацијата ,,Коле Неделковски,, со која се стипендираат талентираните ученици и студенти од Велес остана без средства откако од нивната сметка беа собрани пари заради радиодифузна такса.Општината најавува дека стипендии за учениците ќе има.

Петар Печков

Фондацијата ,,Коле Неделковски,, со која се стипендираат талентираните ученици и студенти од Велес остана без средства откако од нивната сметка беа собрани пари заради радиодифузна такса, неплатена неколку години наназад. Иако фондацијата нема имот простории а работи како тело на Советот на општина Велес, со кое се наградуваат младите со натпросечни резултати во учењето, таа не остана поштедена од собирањето средства за оваа давачка.

Таа дури нема ни свои приходи, туку средствата наменски за стипендии ги добива од Буџетот на општина Велес. Сепак учениците и студентите кои беа избрани за стипендирање, нема да останат без пари. Според градоначалникот на општина Велес Горан Петров средства ќе бидат одвоени од локалниот Буџет, во висина на тие што се одземени.

Наплатата на радиодифузната давачка предизвика жестоки реакции во јавноста откако од неа не беа поштедени и синдикалните организации во образованието, кои немаат простории, како и до тезгаџиите на градскиот пазар кои протестираа од прибирањето на оваа такса.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »