речник контакт

Радио 5 ФМ го избира велешкиот талент

Седумте финалисти ќе настапат на завршницата в среда во 21 часот во Амфитеатарот од Младински парк

Петар Печков

На 21 Август (среда) во амфитеатарот во Младинскиот Парк во Велес, со почеток во 21:00 часот ќе се одржи финалната вечер на радискиот фестивал на 5 ФМ Радио - “ФМ Талент”.

Седум финалисти, кои беа одбрани во текот на шестмесечните елиминации, ќе се борат за приматот “ФМ Талент 2013”.

Нив ќе ги придружува бенд во живо, составен од професионални музичари, а формиран специјално за оваа манифестација, па логично го доби името „ФМ Талент Бенд“.

Секој финалист ќе испее по една музичка нумера, која ја избрал.

Ова е редоследот по кој седумте финалисти ќе настапат на финалето:

Александар Темелков - http://www.youtube.com/watch?v=JeNYA4Eespk

Стефани Алчева - http://www.youtube.com/watch?v=D6Y9EwGLuww

Мими Јовановска - http://www.youtube.com/watch?v=JZeTIieBw28

Марија Попчева - http://www.youtube.com/watch?v=e28IbE_gfSc

Драгана Андреевска и Теодора Ботарева - http://www.youtube.com/watch?v=BTk10xtqt3Y

Жарко Тодоров - http://www.youtube.com/watch?v=00-wTn1b9RU&list=UUIZWihIlalNB7GEeNjMGkWA

Марија Мијакова - http://www.youtube.com/watch?v=-ESKgAI8Ihg

Победникот ќе добие можност за музичка кариера, преку компонирана песна, која ќе биде снимена во професионално музичко студио и видео спот за песната.

Манифестација ќе се пренесува во живо на локалната телевизија Канал 21 и на 5 ФМ Радио, на 107.1 MHz и  завелешаните од дијаспората можат да го следат на www.5fm.mk .

Влезот за сите посетители е бесплатен.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »