речник контакт

Разбојништво во Велес

Скопјаните Ш.Д. (16) и П.П.(19), заканувајќи се со пиштол, ограбиле таксист, завчеравечер во Велес.

Аница Солева

Скопјаните Ш.Д. (16) и П.П.(19), заканувајќи се со пиштол, ограбиле таксист, завчеравечер во Велес. Неколку часа по разбојништвото полицијата ги уапсила разбојниците, кај кои го пронашла и пиштолот.

Истрагата утврдила дека разбојниците околу 21 часот, кај трговскиот центар во Велес, влегле во такси-возилото на Д.Ц. (19) и од него побарале да ги превезе до селото Горно Јаболчиште.

Кога пристигнале на влезот од селото, разбојникот што седел на задното седиште го вперил пиштолот кон возачот и му наредил да им ги даде парите, разбојникот што седел напред му зел 1.200 денари и радиостаницата, а потоа избегале.

Извор: Дневник

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »