речник контакт

Разидувањето во ВМРО-НП заврши со кривични

Координаторот на Третата ИЕ и претседателот на ОК ВМРО-НП од Велес полицијата ги товари за загрозување на сигурноста на пребеганата советничка Стојанова. За нив ова е расчистување со неистомислениците

Петар Печков

 Разидувањето на релацијата советничка - раководство  на партијата заврши со кривични пријави за дел од првите луѓе на ВМРО-НП. Ова е епилогот од 24 часовната драма која се случуваше во Велес изминатиот викенд  а беше резултат на заминувањето на нивната членка Рајна Стојанова како штотуку  избран советник од ВМРО-НП во  коалицијата на  ВМРО-ДПМНЕ.  Велешката полиција расчистувајќи го случајот им поднесе кривични пријави на   Слободан Близнаковски член на ИО и Зоран  Арсовски претседател на ОК  ВМРО-НП за Велес, за  ,,загрозување на сигурноста,,. Тие по  14 часовен престој во велешката полиција се пуштени.  За  Близнаковски овој развој на настанети е очекуван.

Власта продолжува да расчистува со неистомислениците. Како и во други претходни случаи се повторува историјата, сега јас сум тој што се бара како жртва.  Се бара да ме сменат од позицијата координатор на Третата ИЕ на партијата, тоа е крајната цел. Познати се нарачателите и извршителите.  Ниту се заканував ниту ја уценував Рајна. Таа беше повикана на партиски состанок да  каже зошто замина во ДПМНЕ. На состанокот бевме девет лица и тие можат да потврдат дека немаше ништо, ниту збор од тоа што ми се товари. А дека чекаме одговор од неа за каже зошто замина, нормално е секој да ја праша – изјави Близнаковски. 

Според полицијата кога во неделата вечер  на апртискито состанок останале насамо со Стојанова, Близнаковски  и рекол,, Ти на мек тон не разбираш, ќе треба да ти кажам грубо, доколку не го вратиш советничкиот мандат ти и твојата фамилија ќе бидете искоренети, не си свесна што правиш и што ќе ти се случи, ќе дојдат луѓе од страна- знаеш од каде од Бугарија“.  Овие зборови таа ги доживеала како траума.  Од оваа постапка на координаторот на Третата ИЕ на ВМРО-НП, Стојанова се вознемирила и се уплашила за својот живот и животот на нејзиното семејство па по враќањето на членовите на Општинскиот комитет го напуштила состанокот и заминала со сопругот и случајот го пријавила во СВР Велес.

Кривична пријава заработи и  претседателот на ОК на ВМРО-НП  од Велес Зоран Арсовски. Него полицијата го товари дека во саботата на Стојанова  и упатил сериозни закани со зборовите  „Да знаеш ќе донесат специјалци од Бугарија и нема да помине се така лесно, тоа ти е поздрав од Љубчо Ѓорѓиевски“. Од овие зборови оштетената се почувствувала несигурна и загрозена и се исплашила за својот и животот на членовите на  семејството. Арсовски ова го негира.

Таа сешто може да зборува, но еден е факт, дека таа имаше закани, уцени и притисоци од другата стана. Зошто за нив не зборува а ова го измислува, таа траба  јавно да каже – рече Арсовски. Советничката Стојанова не сакаше јавно да зборува за случајот и на прашањето за заканите што наводно ги добивала, таа рече дека овој пат нема да одговори. Претходно по конститутивната седница на новиот Совет на општина Велес, кога таа прејде како советник од листата на ,,Сојузот за иднината,, во коалицијата ,,За подобра Македонија,,  оваа одлука таа ја оправда со желбата за подобра работа на велешкиот Совет. 

Сметам дека со моето преминување кон мнозинството, Советот ќе има поефикасна и подобра работа а пред се во интерес на граѓаните и гласачите  - рече Стојанова. 

Таа во изборниот период на прес конференциите одржани од ,,Сојузот за иднината,,  ја критикуваше власта за  работата за потоа и таа да стане дел од неа. Изминатите осум години советниците од работата на локалната власт ВМРО-НП  ја поддржуваа работата на градоначалникот во мандатот на Коцевски. За потоа пред две години  Валентина Делиманчева Андреева да прејде во ВМРО-ДПМНЕ а советникот д-р  Атанас Василев  по завршувањето на неговиот мандат пред четири години, минатата   да стане директор на велешката Болница.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »