речник контакт

Раковски победник на Велес опен

Третиот тениски турнир мина во знакот на младиот Филип Раковски, кој победи и во младинска и сениорска конкуренција

Петар Печков

Изминатиот викенд се одржа  третиот тениски турнир Велес опен, на теренот во Градскиот парк.

Победник е Филип Раковски кој во двоиполчасовното финале го совлада Ѓоре Зафиров со 2:1, по долга и исцрпувачка борба. Раковски иако претходно играше финале и во младинска конкуренција имаше сила да се врати во игра иако противникот водеше со 1:0 во сетови а во третиот Зафиров имаше предност од 4:1 и сервираше за победа при водство од 5:4 и 6:5.

Третото место го поделија Бруно Ставревски и Љупчо Црвенпанов. Во младинското финале Раквоски со 2:0 го победи  Црвенпанов. Организтор на турнирот беше ТК Борец, кој очекува дека следото издание, догодина,  ќе биде на вистински тениски терен.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »