речник контакт

Ракометарите во серија, совладан лидерот

Одбојкарите загубија од Вардар

Петар Печков

Ракометарите на Борец го победија лидерот на табелата во Супер лигата, екипата на Еурофарм Работник од Битола со 33:31, полувреме 18:16.  Како и пред две седмици така и саботата вечер падна  водечкиот тим во најквалитетното македонско  ракометно друштво. И во овој натпревар велешките ракометари покажа врвен квалитет, играа со високо темпо и на крај славеа и се радуваа на трите бода.  Илиев имаше свое шоу и постигна 12 гола, додека Барос кај битолчани имаше 9 погодоци.  Со ова петта по ред победа, ГРК Борец се искачи на четвртото место од табелата со 20 бода.  Во следното 14-то коло Борец гостува на Металруг 2, кој  е седми со 18 бода. 

Одбојкарите на  ГОК Борец загубија  на гостувањето во Скопје, против екипата на Вардар со 3:1 ( -17, 22, -23, -19). По ова петто коло Борец е четврти со осум бодови а скопјани со победата ги преминаа на табелата. Во наредното коло  игра дома со УГД Студент, кој е седми со една победа. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »