речник контакт

Ракометарите во странство РК Борец на цедило

Велешките ракометари заминуваат во странство, Темелков со апел РК Борец да не згасне

Петар Печков

Леворакиот бек, велешанецот Ивица Лазаревски (21 год) кариерата ја продолжува во Саудиска Арабија. Тој потпишал за екипата на Ал Сафа од Саудиска Арабија, екипа која игра во тамошната прва лига. Лазаревски ќе настапува во Ал Сафа следната полусезона.  Нова средина најде и пикерот на Борец Лупче Игнов кој потпиша двегодишен договор со романскиот прволигаш Баја Маре.  И голманот Гигов замина во Турција, во клубот Мерсин.

И додека велешкиот суперлигаш се бори со неизвесната иднина, дали ќе продолжи со натпреварите во  Супер лигата, репрезентативецот Влатко Темелков, кој на почетокот од кариерата  играше за овој клуб, со апел клубот да не се остава на цедило.

„Сега по оваа еуфорија, треба да се најде сериозен партнер кој би го презел клубот. Кога можат во другите градови да има некој што е заинтересиран за ракометот, зошто не и во Велес. Не треба овие деца да се остават на улица. Има закон, има финансиски моќни луѓе и не гледам зошто велешките газди бегаат од спортот“ - вели Темелков.

Борец беше првак на Македонија во 1995-та и освојувач на купот една година претходно. По ова започна неизвесната судбина на клубот, кој дал ракометни репрезентативци. Се издигнуваше до Супер лигата, но никогаш немаше сериозен спонзор кој ќе го преземе клубот, по што тој започнуваше одново од трета лига

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »