речник контакт

Ракометарите на Борец непоразени се враќаат од Скопје

Фудбалерките на Борец славеа во Македонска Каменица со 14:0. Градското дерби во Третата лига Центар за Превалец

Петар Печков

Започнаа натпреварите од Супер лигата во ракомет а велешки Борец во првото коло со бод се враќа од гостувањето кај Пролет  62 од Скопје. Натпреварот заврши со резултат 28:28  полувреме  18:14.  Велешани биле во водство се до 20 минута на средбата по што со серија голови домаќините поведуваат и го завршуваат со предност од +4 за нив.  Борец во вторите  30 минути  ја  топи предноста за да во финишот и поведе 28:27. Домаќините израмнуваат имаат  и удар од 7 метри во 29 минута  кој Колев го брани, по што средбата  завршуваа со 28:28 или по бод за  секого.   Најефикасен во редовите на Борец беше Илиев со 9 гола, кај домаќините Ласко Андоновски кој е со велешко потекло а постигна 6 гола.  Во следното коло Борец треба да  гостува во   Богданци на тимот на Младост, но судбината на клубот е неизвесна, ракометарите не ја  одиграа и  првата средба. 

Во третото коло од Првата женска  фудбалска лига, велешанки гостуваа во Македонска Каменица. Таму победија со  цели 14:0 против екипата на  Саса, дебитант во ова друштво.  Во четвртото коло кое се игра на 4-ти октомври на Градски во Велес доаѓа  екипата на Речица. Таа има една победа од три средби а  ЖФК Борец со 6 бода е 4-ти од 12 екипи.

Се одигра и третото коло на Третата лига Центар. Во градското дерби во Башино село, Илинден загуби од ФК Превалец со 1:0 кому ова му беше прва победа.  Гостите се радуваа со голот на Ристе  Станковски, Бабуна пак по двете победи загуби минимално со 1:0 во  Росоман. По три кола ФК Бабуна е трета со 6 бода,  Илинден  БС е 9-ти а ФК Превалец е 12 со  по три бодови. 

Во следното  коло ФК Превалец  го пречекува соседот на табелата Слога која  има  само 2   бода, Илинден гостува на Големо Коњари кој е 11-ти со 3 бода,  додека дербито е  помеѓу Бабуна и Вардар Неготино  кој е  лидер и е непоразен.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »