речник контакт

Ракометарите на Борец поразени дома од Битола

Борец – Битола 26.28 ( 14:14) Во заостанат натпревар од Супер лигата, во дербито на дното битолчани подобри.

Петар Печков

 Во неизвесен натпревар,  во дербито на дното од табелата, екипата на Битола како гостин го победи Борец со два гола предност 28:26. Натпреварот беше израмнет и неизвесен и двете екипи наизменично се менуваа во водство. Решавачка предност битолчани ја создадоа во средината на второто полувреме по 45 –тата минута. Тогаш ракометарите на Борец водеа со 20 : 19 и за пет минути гостите направија серија од четири нула и поведоа со 23:20.

Домаќините се обидуваа да фатат приклучок но безуспешно, не успеаја да реализираат два седмерци, имаа и два играча повеќе во поле, но нивните голмани во овој период финишот на средбата не одбранија ниту еден удар на битолчани. Тие со право си заминаа со победата и бодовите од салата Гемиџии во Велес. Најефикасни во нивните редови беа  Ѓоргиевски со 8 и Трајковски со шест гола, додека кај Борец се истакна Темелковски со 9 гола .

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »