речник контакт

Ракометарите одлучија, ќе играме во Супер лигата

Првенството започнува следниот викенд а ГРК Борец игра дома со РК Струга

Петар Печков

На синоќешниот состанок, кој траел без малку до полноќ ракометарите на ГРК Борец одлучиле да настапат во Супер лигата, без оглед на  тенкиот Буџет.  На состанокот на кој биле ракометарите со Управниот добро,  повлечена е одлуката за откажување од настап во најквалитетното друштво и играње во Прва лига. 

Ракометарите рекоа дека ќе играат по секоја цена, без оглед што клубот има мал Буџет недоволен за ова натпреварување, што имаат долгови и неисплатени плати. Дека ќе играат и со тој кадар што ќе остане, но нема да се селат во понизок ранг - рече Ристо Велковски, извршен директор на ГРК Борец.    

На овој начин и РФМ ќе нема пречки во регуларноста на Супер лигата, таа ќе бори 10 клуба нема да има слободна во секое коло, како минатогодишното првенство, кога екипата на Млаз се откажа пред почетокот, исто поради беспарица.  Првенството треба да започне  следниот викенд на 15/16 септември. Во првото коло, дома ГРК Борец игра со новакот РК Струга.   

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »