речник контакт

Ракометот замре во Велес, РК Фруитленд и РК Борец не се пријавиле да играат во Прва лига

РК Борец беше првак на Македонија 1995 и освојувач на Купот 1994

Петар Печков

Ракометот е замрен спорт во Велес. Најпопуларниот спорт во земјава, следната сезона нема да има претставник од градот, во натпреварувачкиот дел на Раакометната федерација. Меѓу 14 екипи кои се пријавиле да играат во сезоната 2025/26 ги нема РК Фруитленд и РК Борец.

РК Фрултенд откако пролетва направи грешка со намера или не тие знаат, да отпатува на Куп натпревар со помал број играчи од потребниот, по што беше казнет со исклучување од Супер лигата и префрлање во Прва лига, не пријавил екипа. Не пријавил и постариот лигаш, клуб кој беше првак на Македонија 1995 и освојувач на Купот 1994,  бидејќи немаат спонзор и средства за натпреврување. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »