речник контакт

Рамката од пушката со која е пукано ги издаде браќата Георгиевски

По дванаесет години затвор добија браќата Љупчо и Ордан Георгиевски кои беа обвинети дека се извршители на убиството на старецот Лазо Милошевски (71 год) од велешкото село Ореше. Петчленииот судски совет од Основнито суд во Велес ги прогласи за виновни земајќи ги во предвид сведочењето на заштитниот сведок „Бреза“ полиграфското вештачење и протокот на пари.

Петар Печков

По дванаесет години затвор добија браќата Љупчо и Ордан Георгиевски кои беа обвинети дека се извршители на убиството на старецот Лазо Милошевски (71 год) од велешкото село Ореше. Петчленииот судски совет од Основнито суд во Велес ги прогласи за виновни земајќи ги во предвид сведочењето на заштитниот сведок „Бреза“ полиграфското вештачење и протокот на пари. Оваа пресуда обвинетите ги шокираше како и нивните блиски во судницата кои со неверување ја дочакаа истата. Пред судот настана вербална расправија помеѓу членовите на семејството Милошевски  и Георгиевски, која заврши со напад врз внуката на убиениот. Не беа поштедени и телевизисктие сниматели, но и бранителите на обвинетите. Во овој метеж и се слоши на мајката на осудените браќа која заврши во велешката Болница.  Според обвинението браќата Ордан и Љупчо Георгиевски на 2-ти декември 2005-тата година во селото Ореше во 20,40 часот од дворот на соседот Кољо Велјановски на далечина од 35 метри пукале во старецот Лазо Милошевски  и го убиле. Едниот истрел го погодил во рамото и  потоа му нанел смртоносни последици, додека вториот куршум завршил во ѕидот од собата. Убиениот во тој миг бил до прозорот и ја подготувал вечерата. За ова да го сторат тие биле поттикнати од Ѓоре Петровски, македонец кој од 1995 година живее на Флорида во САД поради освета, за сомнение дека Лазо во 1993-тата годиан пукал и го погодил во лице. Тој од јануари е во екстрадиционен притвор во САД и постапка за испорачување во Македонија. Бидејќи истата е крајно неизсвесна, обвинителството реши да ги раздвои обвинениета против браќата и нарачателот Ѓоре Петровски, кој за ова платил сума помеѓу 20 и 50 илјади евра. Обвиниетите во завршниот збор негираа дека тие се сторители на убиството.

Ваква фарса од судење нема во ФИРОМ уште од Османлиското царство. Ова е срамота за правосудниот систем, има фарисеи кои едно зборуваат друго работат.Сите тие треба да се засрамат – изјави Љупчо Георгиевски во неговиот завршен збор. Братму смета дека ова е претстава режирана од поединец, кој тој пред некоја година го уапсил поради криминал.

Зад ова дело стои Стојан  Петровски Жабарот. Тој беше уапсен за затајување на 250 илјади евра, но по пет ден минати во притвор успеа да се извлече. Бидјејќи јас како инспектор во МВР работев на тоа дело, тој сега вака ми враќа. А дека за 50 илјади долари сум извршил убиство е глупост, бидјеќи рабтоев во трезорот на Народна Банка и имав контакт со пари и злато во милионска вредност па ништо не фалеше а не да се продадам за таква сума – изјави Ордан Георгиевски. Нивните бранители докажувајќи ја невиноста на браќата побараа како доказ за вината очевидец, прафинска ракавица и оружје, но ниту еден од нив не бил обезбеден. Обвинителството пак тврди дека се работи за долгоподготвувано и плански работено убиство, поради што нема директни сведоци а до вистината се доаѓа со посредно сведочење. За нив главен сведок е заштитниот ,,Бреза,, кој директно посочил дека Ѓоре Петровски во неколку наврати му се јавувал за да го изврши убниството, за што му нудел пари но тој одбивал. Од ,,Бреза,, било побарано дента спроти убидтвото да отиде во шталата на селскиот продавач Тоде и од таму ја земе автоматската пушка која потоа требало да ја предаде на Љупчо и Ордан. Тој и тоа се премислил и не го сторил. Имало и трето барање за „Бреза“ да отиде и ја земе рамката од пушката со која е пукано а била фрлена во некој дол во околната шума, тешко достапно место кое било познато само на тој што го извршил убиството. По ова кажување, обезбеден  е крунскиот доказ за сторителите на убиството а бранителите на обвинетите се обидуваа по секоја цена токму оваа рамка да не биде влезена во доказната постапка. Барањето на бранителите сведочењето на заштитниот сведок да биде изземено а пресудата да не се потпира на изјава на само еден човек, во обвинителството го орфрлаат. Велат дека ова е прв случај во Македонија, таа се заснова на новите законски решенија, пракса која светот одамна ја практикува. Потсетуваат дека во  
Италија годишно има до  1.500 пресуди кои се засноваат на заштитени сведок. Убиството во Ореше го следеа контраверзи, откако во еден печатен медиум излезе фотографија од записникот на сведочењето ан заштитниот сведок и безмалку негово идентификување. Таа постапка заврши со разрешување на судијата Валетнин Зафиров. Втората започна деновиве со истрага за фалсификување на докази со кој се обезбедува алиби на обвинетите.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »