речник контакт

Расипаниот проектор ја откажа ревијата на современ германски филм во Велес

Добиениот на користење проектор од Агенцијата за филм ги минал работните часови и не е во функција

Петар Печков

Четиринаесеттото издание на современиот германски филм, велешката публика нема да го види. Иако претходните  13 ревии редовно  беа прикажувани во велешки театар, годинава, тоа не се случи. Причина е нефункционалниот  дигитален проектор, кое расипан и нема кој да го поправи. 

Не располагаме со кино проектор. Своевремено сме добиле кино проектор од Агенцијата за филм  на користење. Тој во меѓувреме ги поминал работните часови и не е во функција.  Упорно бараме одговор од Агенцијата за филм, што  да правиме со нивниот проектор, ниту можеме да го поправиме ниту да го вратиме. На големо жалење моравме да ја откажеме  соработката со Германската амбасадата во Скопје за ревијата на современиот германски филм  од технички причини - кажа  Александар Ивановски  в.д. директорот на Центарот за култура и уметност во Велес.  

Тоа е и причина поради која премиерните изданија на новите  македонските играни филмови, кои беа прикажувани во салата на театарот, веќе половина година  раководството е приморано да ги откажува понуди  за проекции од страна на дистрибутерите.  

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »