речник контакт

Распуст за учениците од Велес и Чашка

До понеделник бeз нaстава основните и средни училишта во велешко. Осум илјади ученици по дома.

Петар Печков

Поради ниските температури, ладните училници, отсуството на учениците, Општина Велес донесе одлука да се прекине наставата во основните и средните училишта во градот од среда до петок. Седум и пол илјади ученици на настава ќе треба да тргнат в понедленик но и тоа зависи од какви ќе бидат временските услови во земјава. За ова дополнтиелно ќе се огласат од локалната власта.

 Од утре среда на училиште не одат ниту  петстотини ученици основци од општина Чашка, во двете училишта во Богомила и во Чашка.Ова е проради високите снежни навеви и спреченоста на дел од учениците кои се од оддалечените селски населби, да  ја посетуваат истата.

 Деновите од принудниот распуст, учениците ќе ги одработат во текон на април и мај.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »