речник контакт

Рациновите средби по 53 пат во Велес на 9-ти и 10-ти јуни

За наградата Рациново признание конкурирале 18 дела, исто толку и за Антологија на болката

Петар Печков

Педесети и третите  Рацинови средби ќе се одржат  на 9-ти и 10-ти јуни во Велес, соопшти организаторот на манифестацијата  Здружението на граѓани „ФАД СТОБИ“.  Во официјалната програма  понудени се содржини кои се како новина воведени изминатите две години. Целта е Рацин да се претстави како  автор и личност и на помладата популација но  и да се анимира стручната јавност.

 Наша интенција е тоа што како  новина беше промовирано  во минатогодишното издание, да станат традиција,  и  со нив книжевната  и академска  јавност, граѓаните да го чевстуваат името на големиот Рацин. Ќе имаме за разлика од претходните години сектакуларно отворање на манифестацијата на платото  пред Спомен костурницата, четврток во  21,30ч. Вечерта ќе биде одржан поетски митинг  и балетски перформанс на Олга Панго.  Следниот ден проф. Елизабета Шелева  ќе  води разговор на тема љубовната поезија на Рацин. На завршната вечер освен портретите на добитниците концерт на духовна музика ќе одржи градскиот црковен  хор  ,,,Св. Пантелејмон,, - најави претседателот на организацијата актерот Васил Зафирчев.  

Како дел  од содржините се и  промоцијата на   мурал ,,Ленка и тутуноберачите,, дело на учениците од Гимназијата Кочо Рацин  на просторот по Градскиот саат. Попладнето на 9-ти јуни  засадување дрвја од страна ан писатели,  во ,,Рациновата шума,, на просторот од паркот кај Спомен Костурницата,   потоа пред две години воведената   процесија ,,1000,, севќи за  Рацин  кој почнува од родната куќа на поететот,  и минувајќуи по улиците ан  Велес, завршува до Спомен Костурницата  

афирчев информираше дека за наградата Рациново признание пристигнале 18   прозни дела кои се издадени помеѓу двете манифестации, а  една апликација била отфрлена оти согласно правилникот наградата се доделува само на жив автор.  Жири комисија Димитрие Дурацовски како минатогодишен добитник  и Јелена Луужина и Елизабета Шелева  добитникот ќе  го  објавата на 6-ти јуни.

За лани востановената наградата ,,Антологија на болката,,  за најдобра дебитантска збирка  на авторт досега необјавуван,  пристигнати  биле исто  така 18 пријави, пет  не биле  земени во предвид бидејќи  биле не дебитатски ракописи .  

Оваа награда  се доделува зедно со издавачка куќа  ,,Култура,,а стихозбирката ќе биде промовирана  вториот ден на Рациновите средби.  Жиро за  наградата  ,,Антологија на  болката,, е во состав  Ана Костовска директор на издавачката куќа ,,Култура,, Елена Пренџова поет и Катерина Момева писател.

На плакатите од манифестацијата се наоѓа Музата на Рацин, годинава  тоа е средношколката Сара Тодоровска од Велес, која беше избрана меѓу 11-те девојки кои се пријавиле за овој конкурс.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »