Петар Печков
Објавено: петок, 03 јули 2015
Велешкиот Пензионерски дом ја реактивраше пензионерската здравствена амбуланта. Така велешкиот дом е прв во Македонија кој нуди ваква услуга за највозрасната група граѓани.
Во неа здравствени совети и нега ќе добиваат членовите на здружението а за нивното здравје ќе се грижат и таму ќе работат д-р Благој Јорданов специјалист интернист и д-р Стојан Кулеџиоски, додека медицинска сестра е Оливера Поп Тодорова. Сите тројца се волонтери, сестрата ќе работи попладне, секоја работен ден, додека докторите претпладне во среда.
За подобри услови за забава и минење на слободното време, поставена е и настрешница во тремот од објектот, за заштита на дел од гостите во Пензионерскиот дом.
Оваа свеченост се одржа половина година по доаѓањето на новото раководство а на неа беа присутни бројни пензиониери, како и членки на Активот на жени пензионерки.
Tweet |