речник контакт

Реализирана операцијата “Велес“ во главниот град на Австрија Откриена 16 члена група

Како резултат во спроведувањето обемни истражни мерки, следење на телефонските комуникации и претреси на објекти, службениците на австриското Министерство за внатрешни работи, во соработка со македонското МВР, во рамки на операцијата „Велес“, успеаja да откријат 16-члена криминална група од Македонија, којашто со извесни паузи, од почетокот на 2008 до крајот на ноември 2008, во разни паркови на поширокото подрачје на Виена продавала и до 200 грама хероин дневно.

Петар Печков

Како резултат во спроведувањето обемни истражни мерки, следење на телефонските комуникации и претреси на објекти, службениците на австриското Министерство за внатрешни работи, во соработка со македонското МВР, во рамки на операцијата „Велес“, успеаja да откријат 16-члена криминална група од Македонија, којашто со извесни паузи, од почетокот на 2008 до крајот на ноември 2008, во разни паркови на поширокото подрачје на Виена продавала и до 200 грама хероин дневно.

Во изминатите неколку месеци, 14 члена од оваа криминална група биле откриени, уапсени и префрлени во истражниот затвор Јозефштат во Виена. Против лицето во бегство, унгарскиот државјанин З.Х.(25), издаден е налог за апсење.

Како резултат на досегашната истрага, набљудување и сослушување постојат основани сомненија дека од страна на оваа криминална група во периодот од почетокот на 2008, па с? до крајот на ноември 2008, во Австрија биле внесени и продадени вкупно: околу 27 до 30 килограми хероин, по цена од 40 до 50 ?  за грам. Вредноста на хероинот што оваа криминална група го пуштила во промет достигнува улична цена меѓу 1.100.000 и 1.500.000 ?. Во рамките на повеќе извршени претреси на објекти во Виена и околината, биле откриени и запленети вкупно: 230 грама хероин и 27.865,- ?.

Од досега документираните сознанија, утврдено е дека шверцот и трговијата со хероинот бил организиран од страна на македонска, криминална група од Велес, и тоа најчесто од различни телефонски и интернет центри. Оваа криминална група е осомничена за организација на повеќе транспорти на хероин, со автобуси и патнички возила во Австрија. Во изминатите месеци оваа криминална група редовно регрутирала млади лица со македонско и екс-југословенско потекло, за истите обезбедувала најчесто фалсификувани патни исправи и ги префрлувала првин во Италија по морски пат, а потоа со патнички возила во Австрија. Откако ќе пристигнеле во Австрија, овие лица стапувале во контакт со организаторите, биле сместувани во различни станови и подучувани за продажба на дрога. Нивни обврски биле да пречекуваат поголеми пратки хероин во Виена, да го скријат хероинот и да го препакуваат во помали пакетчиња погодни за продажба, кои ги пуштале во промет во разни паркови. За својата работа членовите на оваа група биле наградени со 10% од дневната заработувачка. Со оглед на тоа што дневната заработувачка изнесувала и до 800 ?, организаторите немале поголеми проблеми да регрутираат нови членови во Македонија. Парите заработени од продажбата на хероин, во износ меѓу 1.100.000,- ? и 1.500.000,- ? биле префрлувани во Македонија или лично преку курири, или преку институции за брз трансфер на пари.

Конзументи на дрога:

На поширокото подрачје на Виена и на Долна Австрија, службите откриле и уапсиле уште 16 конзументи на дрога, додека против други 12 конзументи на дрога биле поднесени кривични пријави и се пуштени на слобода. Кај сите 28 конзументи на дрога било докажано дека хероинот купен од криминалната група не го користеле само за свои потреби, туку дека го продавале на други лица со цел да остварат материјална добивка. Во рамките на понатамошната истрага биле откриени и сослушани уште 60 конзументи на дрога од Виена и Долна Австрија, коишто купувале хероин од наведената криминална група. Кривични пријави се поднесени и против овие лица. Високиот износ на дневните заработувачки, како и големиот број на купувачи биле можни само затоа што хероинот што оваа криминална група го пуштала во промет бил со постојано надпросечен квалитет (и до 53 % чист хероин), додека цената во споредба била релативно ниска (од 40.- до 50,- ? за грам).

Вооружени грабежи:

Како резултат на истрагата што и понатаму е во тек, откриени се и двајца браќа, осомничени дека на подрачјето на Виена во последните неколку месеци извршиле вкупно 8 вооружени грабежи (вооружени со ножеви и со заканување со насилство), а со цел да дојдат до пари за купување хероин. Во грабежите биле одземени пари, мобилни телефони и наркотички средства. Жртвите на овие грабежи во најголем број случаи и самите биле конзументи на дрога.

Извор: moi.gov.mk

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »