речник контакт

Реал победи на хуманитарниот турнир во Велес (фото)

Средствата се за Николче Александров чија куќа изгоре во пожар

Петар Печков

Дванесет екипи учестуваа на хуманитарниот турнир во мал фудбал, кој собра екипи на повеќе македонски љубители на европски фудбалски имиња. Имаше љубители од повеќе македонски градови. 

Сите тие играа за да се соберат што повеќе средства, да се помогне на Николче Александров, чија куќа изгоре во пожар пред  десетина дена.  

На ракометното игралиште настапуваа фанови на  Ливерпул,  Арсенал, Барселона, Партизан, Реал, Јувентус, Интер, Манчестер  јунајтед...

По интересни натпревари  победи екипата на Реал која со  2:1 го победи  Манчестер јунајтед во финалето. Во борбата за трето место  организаторот  Баерн од   Минхен  славеше на пенали над  Јувентус  3:2   откако во регуларните 20 минути беше 1:1. Во полуфиналето Баерн Минхен - Манчестер  Јунајтед  2:5 и Реал  - Јувентус  4:0. Најдобар стрелец на турнирот беше Тале Трајков   фан на  Манчестер јунајтед  с о  8 постигнати  гола на 4 натпревари. 

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »