речник контакт

Ревијата Стрип креатор и стрипот Итер Пејо промовирани во Лесковац

Ова е најстара манифестација од сферата на деветата уметност во регионот

Петар Печков

На 17 та Балканската смотра на млади стрип автори која се одржа изминатиот викенд, од 26 до 28 Јуни  во Лесковац Србија, беа промовирани стрип изнаднијата ,,Стрип креатор,, и Итер Пејо,, изданија на Стрип центарот на Македонија.   Ова е најстара манифестација од сферата на деветата уметност во регионот.

Организатори на истата се Лесковачкиот културен центар и Училиштето за стрип „Никола Митровиќ-Кокан“од истиот град. На манифестацијата штипјанецот Александар Стеванов го доби признанието за најдобар стрип сценарист. Стеванов стана лауреат за стрипот„Вистинска љубов“  со кој  заедно со  и Кирси Салонен ( Финска ) претходно освои  2 место на Интернационалниот стрип салон во Велес во 2014 г.

„Балканската смотра во Лесковац  е посебно драга помеѓу нашите стрип автори .Таа  беше  прва  којшто се отвори кон младата македонска сцена,овозможувајки им контакти со автори ,промотери и скаути од разни земји. Освен со масовноста во учеството на отворениот награден  конкурс , 1 .709 автори од 37 земји,  реномето на истата се потврдува со личното присуство на афирмирани стрип автори од многу земји.  

И оваа година не изостанаа едукативни предавања околу пристапот до светски издавачки куќи .промоции на стрип сцени и изданија. СЦМ _Велес  оваа година организирано анимираше за учество на смотрата  околу 60 млади таленти од разни градови, настрана од индивидуалниот настап на други македонски автори -истакнува Томе  Трајков од  Македонскиот стрип центар од Велес. 

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »