речник контакт

Ревија на Руски филмови во Велес

Од недела вечер до вторник шест филмови на рускиот режисер Шахназаров.Проекциите започнуваат во 18 и 20 часот, влезот бесплатен

Петар Печков

Во организација на Филмскиот фонд на Македонија и во соработка со Амбасадата на Руската Федерацијаод  вечерва во  салата на велешкиот театар ќе се прикажува ревијата на руски филмови во режија на еден од најистакнатите руски режисери, Карен Шахназаров.

Ревијата ќе почне со прикажувањето на филмот Град Зеро во режија на Шахназаров.Љубителите на филмската уметност ќе можат да погледнат руски филмови, дел од оваа ревија, во периодот од 3 до 5 ноември во Центрот за култура во  Велес, чија сала се  опремена со дигитален проектор. Прокециите се беспатни почнуваат од 18 и 20 часот, недела, понеделник, вторник.

03.11. (Недела)
- „ГРАД ЗЕРО“ - почеток 18 часот
- „ПАЛАТА бр. 6“ - почеток 20 часот
04.11. (Понеделник)
- „ОТРОВИ“ - почеток 18 часот
- „ЉУБОВ ВО СССР“ - почеток 20 часот
05.11. (Вторник)
- „БЕЛ ТИГАР“ - почеток 18 часот
- „НИЕ ОД ЏЕЗОТ“ - почеток 20 часот

03.11. (Недела)
- „ГРАД ЗЕРО“ - почеток 18 часот
Режија Карен Шахназаров
Сценарио Александар Бородјанскиј/ Карен Шахназаров
Улоги Леонид Филатов, Олег Башиласвили, Владимир Меншов
Фестивали:
Bergamo Film Meeting, 1990- Роса Камуна
Меѓ. Филмски фестивал, Чикаго, САД, 1989 – Најдобар филм
Награди Ника, 1990

Инжинер задолжен за производна линија во московска фабрика е испратен во мало гратче. Меѓутоа, се чини дека сите во гратчето се луди (секретарката работи сосема гола, група луѓе го заменуваат идентитетот на инжинерот со рокенрол музичар и сл. ) а како врв на се’, тој е сведок на едно самоубиство и набрзо сфаќа дека никогаш нема да го напушти гратчето.

- „ПАЛАТА бр. 6“ - почеток 20 часот
Режија Александар Горновски/ Карен Шахназаров
Сценарио Александар Бородјанскиј/ Карен Шахназаров
Улоги Владимир Илин, Алексеј Вертков, Александар Панкратов-Чорниј
Фестивали:
Фантаспорто, 2010 – Специјална награда од жири за режисерот
Меѓународен филмски фестивал, Москва, 2009 – Најдобар актер

Палата бр.6 е филм базиран на расказ од Чехов, каде што психијатарот станува пациент во својата болница.

АНКЕТА »

Дали стравувате од корона вирусот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »