речник контакт

Регулаторна ќе решава за цената на водата за пиење, откако советниците ја повлекоа одлука за поскапување

Градоначалникот Коцевски стравува Регулаторна драстично да не ја зголеми цената

Петар Печков

Советниците  не одлучуваа дали водата за пиење ќе поскапи во Велес, точката од 21-та седница која се одржа вчера, беше   повлечена. Така наместо  велешките советниците за цената за пиење ќе решава  регулаторната комисија. Според предлогот од УО на ЈКП Дервен водата за граѓаните требаше да се покачи за 4 отсто или од 30,60 на 31,62 денари за метар кубен, додека за правните субјекти за 4,6% или од 60,25 на 63,05% денари за кубен метар.  

По консултации во Советничката група и во СДСМ Велес, одлучивме точката да се повлече и да не дозволиме да  има зголемување на цената на водата за пиење. Тоа беше дел од нашата изборна програма за поевтина вода за пиење.    До ваквата ситуација доведе владеењето на претходниците кои го донесоа Правилникот за регулирање на цената да биде кај регулаторната комисија. Поради тоа изминатиот период моравме да вклучиме давачки за  јавно зеленило и давачка за чистење на јавни површини, кои тие беа должни да ги донесат но никогаш не ги донесоа. Тие ги покачија сметки од ЈКП Дервен, за што граѓаните реагираа - изјави Душко Петров, претседател на Советот на Општина Велес.          

 Градоначалникот на Велес вели дека е разочаран од ваквото решение на советниците.  Стравува дека велешани можат да добијат многу поскапа вода за пиење. 

Ако советниците помислиле дека ги заштителе интересите на граѓаните, во грешка се. Сега Државната регулаторна комисија , има право да ни одреди регулирана цена која може да биде далеку повисока од таа која се бараше со одлуката а по предлог на УО на ЈКП Дервен.  Се надевам дека комисија нема бргу да реагира, па на следна седница точката повторно да  се стави и изгласа. Законот донесен од претходната Влада така го има пропишано, иако тогашното мнозинство во Советот не го почитувале и никогаш не донеле одлука за  усогласување на цената. Наспроти ветувањата во кампањата  дека водата ќе поевтини, законот тоа не го дозволува. ЈКП Дервен мора да плаќа  на ЈВП Лисиче за водата за пиење која му се испорачува  - рече градоначалникот Коцевски.   

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ од Велес  уште претходно на прес конференција најавија дека можното зголемување нема да го подржат и ќе реагираат за нова цена на водата за пиење.  Тие реагираа и за ново воведените давачки за јавна чистота и за јавното  зеленило. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »