речник контакт

Редум порази за велешките спортисти викендов

На домашен терен загубија фудбалерките и во футсал, кошаркарите на гостувањето

Петар Печков

Три порази забележаа велешките спортски екипи изминатиот викенд. Фудбалерките на Борец во Прва лига, загубија во Велес од битолски Конзули со 2:0. Тоа беше натпревар од 11-то коло, каде трето пласираната екипа беше подобра и славеше. Велешанки остануваат 6-ти со 13 бода. Следното коло гостуваат на второпласираниот Кочани.

Во првата футсал лига, во салата Гемиџии КМФ ВЕЛЕС загуби од лидерот и првак  КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ  со  3:4.  Стрелци за КМФ Велесбеа Нанев, Соколов и Мишев, додека за гостите Тодоровски два, Јовановски и Леовски по еден. Кај гостите имаше и две исклучувања Агуши Ферид за насилничко однесување и Мицевски Адријан за неспортско однесување. Ова беше второ коло од третиот дел на првенството, во кое се играат уште седум кола. Велес падна на претпоследно  9-то место од 10 екипи, кое води во разигрување за опстанок. Екипата има  20 бодови. Следното коло е дерби на дното, велешани гостуваат на екипата на  Хедис кој е 8-ми со 22 бода.

 Во Втората лига кошарка, екипата на Борец Баскет е поразена во Струга од Црн Дрим со 67:59, иако на полувреме велешани водеа со 35:24. По 11 колка Борец Баскет е 4-ти со 17 бода и шест победи. Во следното коло, во дерби доаѓа трето пласираниот Тетекс ТТК од Тетово, кој има ист број бодови како и велешкиот второлигаш. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »