речник контакт

Реките Вардар и Бабуна со висок водостој

Вардар во Велес два дена е со максимално ниво од 210 цм.

Петар Печков

Реката Вардар и натаму низ Велес е со висок водостој.  Два дена  по ред, вчера среда  и денес четврток, измерени се 210 цм. во 13ч.   

Од одделението за хидрологија на површински води при УХМР информираат дека реката Бабуна и Пчиња имаат висок водостој.   Поради тоа има и локални излевања и појава на заезерени површини.

Причина за тоа се врнежите кои континуирано ги има последните денови, но  и топењето на снегот поради високите температури.  Поради тоа  нивоата на подземните води се во континуиран пораст.

Надлежните предупредуваат  на внимателно движење покрај реките и суводолиците.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »