речник контакт

Рекорди на Нобелова награда

Колку често најугледната научна награда ја добил некој покојник? На кои истражувачи им било забрането да ја прифатат оваа награда? И која нација до сега освоила најмногу Нобелови награди? Мала ретроспектива

Петар Печков



Кога Алфред Нобел го оставил своето наследство на една фондација, неговото семејство било вџашено. Тие се обиделе да го поништат тестаментот. Дури во 1901 година, пет години по Нобеловата смрт, била доделена првата Нобелова награда. Од тогаш се случија многу работи...

Нобелова награда на покојник

Само живи луѓе смеат да бидат номинирани за Нобелова награда. Добитниците на Нобелова награда за мир Даг Хамарскјолд 1961 и Нобелова награда за книжевност Ерик Аксел Карлфедт 1931, сеедно постхумно се наградени бидејќи починале во период меѓу номинацијата и прогласувањето на добитникот. Од 1974 година ни тоа повеќе не е дозволено.

Во 2011 година Нобелова награда сепак беше доделена на еден покојник. Кога Комисијата соопшти дека Нобелова награда за медицина треба да ја добие Ралф Стајнман, не знаеле дека добитникот починал пред три дена. Во овој случај направен е исклучок, а наследниците на Стајнман подоцна ја примија наградата.

Два пати наградени

Четворица научници примија и по две Нобелови награди. Американецот Џон Бардин е награден два пати за физика: еднаш за развој на транзистор во 1956 година, вториот пат за „БЦС теоријата“ за супер проводливост по која металите го губат својот електричен отпор, во 1972 година. Британскиот биохемичар Фредерик Сангер два пати добил награда за хемија: во 1958 за објаснувањето на структурата на инсулинот и во 1980 година за методот по кој можат да се утврдат ДНК секвенци во нуклеинските киселини.

Необичната комбинација ја постигна американскиот хемичар Линус Полинг: во 1954 година добил Нобелова награда за хемија, а во 1962 година Нобелова награда за мир. Полинг бил голем противник на нуклеарни тестирања.

Слабо застапени жени

Сигурно најпозната двојна Нобеловка е Марија Кири: во 1903 година е наградена за физика, за своите истражувања за радиоактивноста, а во 1911 година за хемија, за откривање на хемиските елементи полониј и радиум.

До 2012 година Нобелова награда вкупно добиле 44 жени, но само 16 пати во една од трите научни дисциплини.

Одбиле да ја примат наградата

Добитниците на Нобелова награда за мир Ле Дук То и за книжевност Жан Пол Сартр одбиле да ја примат наградата. Додека Сартр одбил какво било јавно оддавање почест, Ле Дук То наградата не сакал да ја прими поради тогашната состојба во Виетнам. Во научните дисциплини такво нешто се уште не се случило, ако не се смета тоа што на германските научници во време на владеењето на Хитлер, им било забрането да ја прифатат оваа награда. Со тоа биле погодени Ричард Кун за хемија во 1938 година, Адолф Бутененд за хемија во 1939 година и Герхард Димагк за медицина во 1939 година. Дипломите и ордените тие ги примиле по војната, но парите не ги примиле.

Која нација е најуспешна

Најмогу Нобелови награди во сите три научни дисциплини имаат освоено САД: 43 отсто од сите награди за физика, хемија и медицина, отишле во Америка.

На второ место во физика и хемија се Германците, на трето Британците, додека во медицината овој ред е обратен. На четврто место во сите три комбинации е Франција.

Кога се раѓаат Нобеловци?

Најчести датуми на раѓање меѓу добитниците на Нобелова награда се 21 јули и 28 февруари.

Колку се стари добитниците?

Ако се гледаат сите шест дисциплини, во просек добитниците имаат 59 години. Во научните дисциплини се нешто помлади: во хемија и физика во просек имаат 57 години, а во медицината 55 години. Најмладиот добитник на Нобелова награда во 1915 година бил физичарот Лоренс Браг, кој тогаш имал 25 години. Најстариот во научните дисциплини во 2002 година бил физичарот Рејмонд Дејвис на 88 години. А двајца добитници на Нобелова награда за економија Леонид Хурвиц и Лојд Шепли кога им била доделена наградата, веќе имале 90 т.е. 89 години.

текстот е преземен од радио Дојче Веле DW

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »