Петар Печков
Објавено: недела, 15 декември 2024
На крводарителската акција реализирана во населба Градско, собрани се 132 крвни единици, од нив 15 се првократни дарители. Таа е рекордна бројка на оваа акција,која се организира по повод Денот на Општината 16 декември. Досега најуспешна беше ланската со 110 собрани крвни единици.
„Голема благодарност до сите крводарители“ – соопштија од Општинската организација на Црвен крст Велес.
Таа беше организатор заедно со Заводот за трансфузиона медицина од Скопје. Bo Општина Градско, три пати годиншно се организираат акции за крводарување, освен оваа во декември, претходно во април и август.
фото ФБ/ОО Црвен крст Велес
Tweet |