речник контакт

Рекордна потрошувачка и на вода и на струја, на 39 во сенка

Високите температури ги празнат џебовите на велешани. Највисоката температура во градот летово е измерена во вторникот кога изнесувала 39 степени

Петар Печков

Во понеделникот ЕВН –ЕСМ регистрирала рекордна потрошувачка за еден ден во Велес. Овој ден велешани потрошиле 424.6214 киловат часови  наспроти просечните 410 илјади киловат часови. Понеделничната бројка е поголема споредбено со тие од 2010-та и 2011-та година. Од ЕВН ЕСМ велат дека ова е очекувано бидејќи претходните години просечната температура во овој период била 30 степени  засега е 34 степени. Оваа зголемена потрошувачка се должи на користењето на климатизери, вентилатори и други разладни апарати.

 Во изминатиот викенд  пак ЈКП Дервен ја забележа рекордната потрошувачка на вода. Низ цевките во градот течеле 170 литри во секунда, што е за 20 литри повеќе од просекот.


 УХМР температурата во Велес ја мери со термометар поставен кај Фабриакта за вода на ЈКП Дервен. Истиот е на 1,70 метри над земјата, под него е задолжително тревна површина а тој се наоѓа заштитен во дрвена куќарка.

Така високите температури ќе придонесат повисоки јулски сметки за струја и вода за 10 до 20 отсто.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »