речник контакт

Реми и пораз за Велес во првата футсал лига

Велешанецот кошаркарот Оливер Тасков премина во прволигашки Бест

Петар Печков

Екипата на Велес во првите две кола од пролетниот дел на првенството забележа нерешен резултат и пораз. На гостувањето во  Куманово одигра нерешено со Илирет 4:4 а пак овој викенд дома загуби од трето пласираниот  Јувентус од Штип со 8:5. Така по  12 кола велешани се 8-ми од  10 е кипи со 11 бода еден повеќе од  СЕЕУ и се во борба за излегување на оваа позиција, која носи разигрување за  опстанок во најквалитетното друштво.   Во следното коло Велес гостува на пето пласираната екипа на Мал Ајакс.  

Младиот кошаркар Оливер Тасков потпиша за екипата на Бест од Гевгелија.  Младиот велешанец, кој играше во повеќе клубови од земјава пролетниот дел ќе настапува за новајлијата во ова друштво. Тасков игра на позицијата крило.  Во најквалитетното македонско кошаркарско друштво, во Првата лига играат уште двајца велешани  репрезентативецот Владимир Брчков и Александар Штерјов кои се членови исто така на гевгелиски клуб,  Кожуф.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »