речник контакт

Репортажа од Света Гора

Земја на живо црковно предание Света Гора - градината на Пресвета Богородица

Петар Печков




\"\"
Кога ќе се спомене манастир и монаштво првата асоцијација што паѓа на ум и што во православниот свет е поим за подвижнички начин на живот е третиот крак од полуостровот Халкидик, наречен Атос или Света Гора. Ова место е познато уште и како градина на Пресвета Богородица, зашто, како што вели преданието, Богомајката, откако по едно патување низ бура се засолнила на бреговите на оваа земја, ја побарала од својот Син за свое наследство. Благословен и постојано заштитуван од Светата Дева, овој дел од полуостровот низ вековите се развил во вистински монашки центар со дваесет големи манастири и многу скитови, каде што истрајно, чесно и неосквернето се живее преданието на Црквата и не постои ништо поважно во животот освен единствената вистинска цел на човекот, а тоа е секогаш да го слави Бога.

За секој православен е сон да ја посети оваа земја на Исусовата молитва и на светите старци. Па така, со благословот Божји и преку застапништвото на Мајката Божја, неколку православни верници од Македонија, предводени од неговото сепреподобие, игуменот на светата Бигорска обител, архимандритот Партениј, во периодот од 9 до 20 ноември го посетивме овој чудесен и пресвет дом на црнорисците.

Очекувањето на бродот во пристаништето во градот Уранополис, што се наоѓа на границата меѓу светот и оние што „умреа за светот“, претставува само дополителен товар за духот што нестрпливо посакува веќе да е во светата населба. Првиот поглед од палубата само ја зголемува тензијата, зашто човек вртејќи се на сите страни низ морската шир се обидува што побрзо да го пронајде меѓу неколкуте далечни брегови, токму оној каде што сиот живот посакува да отиде. Набрзо секој верник ги закопува своите очи на вистинската силуета и не престанува да ја повикува Богородица да го удостои да стигне до таму. Првиот поблизок поглед на Света Гора ги забрзува отчукувањата на срцето и дишењето.

Првото пристаниште на кое застануваме е на манастирот Есфигмен. Слегуваат и се качуваат монаси и верници, а бродот продолжува кон брегот на манастирот Зограф, кадешто се наоѓа чудотворната икона на свети Ѓорѓи Победоносец. Оваа икона е неракотворна, оттаму и името на манастирот - Зограф, и прво се наоѓала во манастир во Ерусалим, но откако се изградил манастирот на Атос, таа, заедно со братството на Ерусалимскиот манастир, била пренесна на Света Гора во манастирот Зограф кој според сведоштвата бил изграден во X век од тројцата браќа на царот Самуил. Некој воденски владика не верувал во неракотворноста на иконата на свети Ѓорѓи и почнал да го допира ликот на светителот по што прстот му се залепил кај носот. Владиката се покајал, но светителот му објавил дека поради неверието ќе остане парче од прстот, кое е таму и денеска. Набрзо, поминуваме покрај рускиот манастир свети Пантелејмон, кој го одзема здивот со својата убавина и прстранство.

\"\"

Во овој манаситр отседнавме последните три дена, се поклонивме на главата на свети Пантелејмон и духовно се возрадувавме од ревноста и љубовта на братството. Откако нозете го допреа тлото физички почувствувавме дека сонот стана јаве. Навистина сме таму, сега преостанува во наредните денови вистински, со молитва и смирение, да ја доживееме светоста на Богородичната земја. Од пристаништето Дафни, каде што се укотвуваат бродовите, се упативме во манастирот Григоријат, посветен на свети Николај Мирликијски, каде нашето ново духовно искуство почна со бдение посветено на света Анастасија Римјанка. Откако лично го испросивме благословот за добредојде и благодатно бдение од григоријатскиот катигумен, архимандритот Георгиј, навистина се преумивме присуствувајќи на повеќе од десетчасовна целоноќна служба исполнета со прекрасното пеење на браќата од манастирите Григоријат и Ватопед и се поклонивме на манастирките светињи: дел од моштите на света Анастасија, главата на свети Кирик, мошти од свети Григриј Палама и др.

Останатиот текст прочитајте го на страната на Повардарска Епархија на Македонската Православна Црква

репортажата ја направил: Бобан Митевски

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »