речник контакт

Ресторанот на винаријата „Стоби“ најдобар во Македонија за 2015

Капацитетот на ресторанот со терасата е 180 луѓе. Дел од понудата се и винските тури

Петар Печков

Ексклузивниот ресторан на винаријата „Стоби“ е прогласен за најдобар во Македонија за 2015 година.  Наградата ја доделува Министерството за економија, поради придонесот во подобрување на туристичката понуда во земјава, а селекцијата ја направија Секторот за туризам во Министерството во соработка со Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.

Ресторанот е отворен во исто време како и винаријата, во 2008 година и оттогаш постојано креираме нови понуди и внесуваме иновации. Оваа награда е потврда дека сме на вистинскиот пат и дека треба да продолжиме во истата насока. Капацитетот на ресторанот со терасата е 180 луѓе, а покрај врвните вина кои постојано освојуваат награди на најголемите светски натпревари, познати сме по тоа што служиме и специјалитети од македонската национална кујна. Но вметнуваме и модерна нота во сферата на декорирањето, сервирањето и услугата, а најновото е дека се применува здраво готвење познато како „софт кукинг“ или меко готвење – велат од менаџментот на „Стоби“.

Покрај македонските специјалитети, на менито се наоѓаат и интернационални јадења така што секој посетител на ресторанот има голем избор пред себе и кулинарскиот тим на „Стоби“ е подготвен да задоволи сечиј вкус.

Покрај ресторанот, винаријата располага со простор за секаков вид настани. ВИП-салонот има капацитет од 75 лица, енотеката од 60. Најново нешто е специјално дизајнираниот шатор со отворена, а сепак интимна, површина од 1.200 квадратни метри, наменет за настани на кои можат да присуствуваат 400 гости, како што се свадбени веселби. „Стоби“ овозможува и користење на канцеларии и помали сали за состаноци, а за сите посетители е обезбеден паркинг и бесплатен интернет.

Дел од понудата се и винските тури, а тимот на винарницата има скроено две понуди наменети за вистинските вински сладокуски. Министерството за економија вчера им додели награди на 30 субјекти во седум категории меѓу кои беше и ресторанот на винаријата „Стоби“.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »