речник контакт

Рибарите спасиле срна од езерото Младост

Преплашена од пукотниците иа ловџиите и лаењето на кучињата, спас побарала во водата не езерото

Петар Печков

Во неделата утро велешкиот рибар Милан Миланов, додека ловел риба  спасил срна која била во водата на езерото Младост.   Тој ја чува за следните денови да ја пушти во некоја од блиските  шуми, каде е нејзиното природно живеалиште.

Додека бев во чамецот, видов како срна трча од блискиот рид и влезе прво во  водата, во трските. Тука се сокри, бегаше пред ловечките кучиња кои лаеја  и од  истрелите од ловџиите. Не велам дека тие  ја гонеа, туку таа беше преплашена  од пукотниците и кучињата. Почна да плива по водата. Успеав некако да ја фатам да  ја качам во чамецот и ја згрижив. Беше преплашена, солзи и течеа од очите. Беше многу жална слика. Успеав да ја префрлам и ја чувам сега во засолниште. Деновиве ќе ја пуштам во некоја од шумите околу езерото, кај Ветреско да живее во природа. Таму и е местото  – вели Милан Миланов, кај велешани познат како Цурата. 

Срната била спасена во пределот под мостот од автопатот Велес- Скопје. Животното било мажјак, возрасно две години.   Овој викенд во велешко имаше голем број ловџии гости од Италија и Грција, кои ловеа во велешките ловишта, но срната е забранета за лов, тие биле во лов на фазани и ситен дивеч, објаснија до Ловното друшетво Руен.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »