речник контакт

Ридот Цуцка ќе се решава од септември

Директорот на ЈП Државни патишта најави дека проектот поскапел од 25 на 80 милиони денари

Петар Печков

Петнаесет месеци се чека да се реши проблемот со карпи од ридот Цуцка, на вливот на река Тополка во Вардар. Надлежните бараат уште три дополнителни месеци за да реши. Оти проблемот бил сложен но и скап. Наспроти првичните проценки, вредноста сега скокнала за три пати.  Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов  бара време и поддршка за решавањето на проблемот. 

Проектирањето  е започнато пред една година, завршната фаза е за еден месец, по што ќе го добијам проектот и ќе биде предаден на тендер за изведба.  Тој е со рок до 30 дена, има можност жалба за незадоволните. Некаде во средината на септември би можело да се започне да се работи. Не е само да се тргне карпата, туку тоа е огромен зафат. Првично било предвидено да кошта 25 милиони денари а сега преоценките на стручните лица од Градежен факултет се околу 80 милиони денари .  Не е проблемот со карпата, туку со целата територија, да се минира обработи, еднаш а да служи за долги години    - кажа  Витанов, при посетата на Чашка. 

Голема карпа, тешка десетина тони, падна   на 13 март лани на регионалниот пат Велес - Градско и  го блокираше сообраќајот. Тој беше во прекин до 5-ти април кога карпата се отстрани, но оштетениот пат на излезот од Велес остана и сега се одвива по една коловозна лента. Реакциите на велешани се големи бидејќи мина долг период од година и половина  а не се започнати градежни активности за решавање на ридот Цуцка.  

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »