речник контакт

Ристе Гашев го фати крстот во Велес

Дваесет и петгодишниот велешанец Ристе Гашев беше најумешен меѓу 76-мината скокачи кои во надојдените води на Вардар го фати чесниот и живототворен крст.

Петар Печков

Дваесет и петгодишниот  велешанец Ристе Гашев беше најумешен меѓу 76-мината скокачи кои во  надојдените води на Вардар го фати чесниот и живототворен крст. Тој, заедно до другарите од Прцорек и Јурија, беше успешен во неговиот деветти обид да го фати крстот и негова желба е годинава да најде работа или да стапи во брак. Тој во следните четириесет денови ќе може да ги посетува домовите на верниците во велешко, кои финансиски ќе го  даруваат. Големиот Богојавленски водосвет и осветувањето на водите  на Вардар од Мало мовче го изврши Владиката Повардарски Агатангел. Ристе  Гашев од бројните донатори доби подароци а од Повардарската Епархија златно крвче, ЈКП Дервен телевизор а од градоначалникот длабокорез.

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »