речник контакт

Роденденска прес на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за три децении постоење, со прашање до власта, што сработила

Доста ни е од политички, здравствени и економски кризи кои ги има секогаш кога СДСМ ја има власта - кажа на прес конференцијата Здравковски

Петар Печков

ВМРО-ДПМНЕ со прес конференција го одбележа триесеттиот роденден од основањето на партијата. Претседателот на ОК на партијата за Велес, Игор Здравковски   праша  што досега владејачката СДСМ сработила?

Повеќе од очигледно е она што веќе трета година го гледаме, а тоа е нивната неспособност и негрижа за граѓаните олицетворена и во управувањето на нивните локални функционери кои за жал освен празни зборови, лаги и ветувања не донесоа ниту една капитална инвестиција во Велес и не реализираа ниту еден капитален проект. Кога ќе дојдат да го бараат вашиот глас прашајте ги:
До каде е катната гаража во центарот на Велес?
До каде е гасификацијата на Велес?
До каде е изградбата на колекторски систем и пречистителна станица за отпадни фекални води во Велес?
Каде се енергетско – ефикасните покриви во детските градинки и училиштата?
Каде е трговско -деловниот објект „Градски саат“?
Каде е затворениот базен за пливање?
Прашајте ги што реализираа од нивниот План за живот и што направија за вас како граѓани.
До каде е изградбата на автопатот Велес- Прилеп- Битола- Меџитлија?
Се направи ли реконструкција на регионалниот пат Велес- Богомила?
Реконструиран ли е стариот пат Велес – Градско?
Каде се соларните железнички станици и до каде е реконструкцијата  на железничките станици на Коридорот 10 и 10д (Велес, Чашка, Богомила)

Парадоксот на нивните уверувања и убедувања е во тоа што тие сакаат да мислите дека сме исти и не можат да се помират со вистината дека ние се разликуваме. Нив ги боли тоа што ова ВМРО-ДПМНЕ е различно со СДСМ. Доста ни е на сите од оваа неспособна и корумпирана власт. Граѓаните сакаат проекти, сакаат дела, а не криминални тендери и штетни одлуки. Доста ни е од неправди и неработници, од политичари кои водат некрофилска политика, а ни донесоа само порази и предавства. Доста ни е од политички, здравствени и економски кризи кои ги има секогаш кога СДСМ ја има власта - кажа на прес конференцијата Здравковски. 

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »