речник контакт

Рокенрол кафе 2 за 3.000 фанови!

Како што веќе навестивме, Билет сервис во моментов е во подготовки на музички рок-фестивал со работен наслов Rock‘n’roll cafe 2.

Никола Солев

Како што веќе навестивме, Билет сервис во моментов е во подготовки на музички рок-фестивал со работен наслов Rock‘n’roll cafe 2. Фестивалот е предвидено да се одржи на 27.01.2006 (петок) во спортската сала Работнички со почеток во 20.00ч. Станува збор за фестивал кој се одржува по втор пат. Rock‘n’roll cafe 2 има за цел да направи пресек на сите млади релевантни музичари кои егзистираат на МАК rock‘n’roll сцената во овој момент. Основата на програмате е базирана на девет групи, кои по мислењето на организаторот ја претставуваат иднината на домашнара рок-сцена: ДНО, Паркети, Дани и пријателите, Denny Te Chuva, PMG, Eye Cue, Mooger Fooger, Playground и Borgoth (на фотографијата). Сите групи ќе имаат настап со авторска музика во траење од 20-25 минути. Концертот ќе започне во 20 и се очекува да трае до еден часот по полноќ. Влезот за публиката нема да се наплаќа и токму поради тој факт се очекуваат околу 3.000 посетители. Извор: [url=www.mmm.com.mk/Text1a.asp?id=4176&Rubrika=Vesti]http://www.mmm.com.mk[/url]

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »