речник контакт

Ротаријанците од градот донираа ЕЕГ апарат за нервното одделение при велешка Болница

Вредноста на донацијата изнесува околу пет илјади евра. Со ова пациентите би се поштеделе од упатување во други институции заради дополнителни испитувања

Петар Печков

Апарат за електроенцефалографија (ЕЕГ)  наменет за Нервното  одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес е набавен од страна на Ротари Клуб Велес. Тој има функција да ја олесни дијагностиката на широка палета на болести кои во висок процент се присутни кај  пациентите на ова одделение. Вредноста на донацијата изнесува околу пет илјади  евра а апаратот е производство на Филипс.

Со овој  успешно реализиран проект повторно ја покажуваме својата хуманост и посветеност, насочена кон основната ротаријанска цел – помагање на заедницата и подобрување на условите за живот на граѓаните на Велес и пошироко. Ротари Клуб Велес со голема посветеност го реализираше овој проект од сопствени средства и со особено задоволство го донираше на Нервното одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес - кажа Живко Пренџов, претседател на Ротари клубот од Велес.  

ЈЗУ Општа Болница Велес опслужува голем број на пациенти од градот и околината, но и од поширокиот Вардарски регион. На Нервното одделение се лекуваат пациенти со невролошки проблеми за кои е потребно навремено дијагностицирање со современа апаратура. За таа цел, еден од приоритетите  на Ротари клубто Велес била  набавка на нов ЕЕГ апарат со кој би се забрзала дијагностиката, но истовремено би се поштедиле и пациентите од упатување во други институции заради дополнителни испитувања.

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »