речник контакт

СВР Велес, поднесе кривични пријави за два одвоени случаи од областа на економскиот криминал

Поднесени се 10 кривични а материјалната штета е проценета на 17 милиони денари. Предметите се за ,,Велешко езеро,, и Велеспром,,. Кривичните дело се „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „оштетување или повластување на доверители“,

Петар Печков

Во првиот случај, СВР Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицата Т.Л. (48 год) од Штип – претседател на Управен одбор на ДУТ „Интернационал“ Велес во периодот од 2000 година до 13.10.2005 година , С.Е. ( 38 год)) од Велес - управител на „Велешко Езеро“ ДООЕЛ Велес во периодот 2004 и денес, З.К. (68 год) од Скопје – адвокат, основач и сопственик на „Велешко Езеро“ ДООЕЛ Велес од 2004 година до 2008 година , С.Л. (52) од Велес - адвокат од 2000 година до 2013 година и основач и сопственик на „Велешко Езеро“ од 2004 година , поради основи на сомнение дека во временскиот период 2004-2005 година сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „оштетување или повластување на доверители“ со што прибавиле значителна имотна корист од 14, 1 милиони денари , сума за која ги оштетиле останатите акционери и доверители на ДУТ „Интернационал“ , меѓу кои и РМ .

Т.Л. во 2004 година во својство на претседател на Управен одбор на ДУТ „Интернационал“ постапувајќи спротивно  од Закон за трговски друштва и  од Закон за стечај, иако знаел дека друштвото е несолвентно, и сметката е блокирана повеќе од 45 дена, со С.Е. како управител на Велешко езеро склучил штетен договор за продажба на недвижен имот –деловен простор мотел „На Велешко езеро“ сопственост на ДУТ„Интернационал“ .

Потоа, иако договорениот износ не бил исплатен, составувале, односно склучувале фиктивни документи, договори за плаќање, цесии, асигнации, каси исплати, како и записници за финансиско прамнување, дека износот според договорот за купопродажба е исплатен . З/К. во својство на адвокат на ДУТ „Интернационал“ , постапувајќи спротивно од Закон за адвокатура, во договор и со помош С.Л. -во својство на адвокат на „Велешко Езеро“ ДОО, а истовремено и како сопственици на „Велешко Езеро“ ДОО, кои имаат правен интерес и неспорен судир на интереси, иако знаеле дека договорениот износ од страна на „Велешко Езеро“ не е исплатен и договорот не е исполнет, овозможиле „Велешко Езеро“ ДОО да добие правосилна и извршна пресуда со која се признава право на сопственост врз објектот.

За вториот кривично правен настан, СВР Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицата Ј.С. ( 58.год) од Велес – извршен директор на АД „Велеспром“ Велес во периодот од 2000 година до 17.01.2013 година, С.Л. (52 год) од Велес - адвокат од 2000 година до 2013 година и основач и сопственик на „Велешко Езеро“ од 2004 година , И.Т. (53 год ) од Велес- член на Одбор на директори на АД „Велеспром“ Велес од 16.01.2003 -17.01.2013 година, сопственик/управител на „Тедико“ Илија ДООЕЛ Велес, основач и сопственик на „Велешко Езеро“ од 2004 до 2008 година , Д.Т. (60 год) од Велес- член на Одбор на директори на АД „Велеспром“ Велес од 16.01.2003 -17.01.2013 година , Д.Т. ( 38 год ) од Велес- член на Одбор на директори на АД „Велеспром“ Велес од 27.10.2006-08.11.2012 година и З.Т. (54 год) од Велес- член на Одбор на директори на АД „Велеспром“ Велес од 16.01.2003 -17.01.2013 година , поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „оштетување или повластување на доверители“, со што на останатите акционери на АД „Велеспром“ Велес им нанеле значителна штета од 2 682 762 денари.           

 Ј.С. во 2005 година во својство на извршен директор на АД „Велеспром“, искористувајќи ја својата службена положба, без склучен договор, прифатил фиктивни фактури за извршени адвокатски услуги од С.Л. во вредност од 1 440 000 денари, иако знаел дека истите не се извршени , со што му овозможил да се стекне со значителна имотна корист. С.Л. во 2005 година во својство на службено лице – адвокат искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапувал спротивно од Законот за адвокатура, , иако, во 2005 година го застапувал правното лице „Тедико Маркети“ во спор со АД „Велеспром“.  

Во 2007 Ј.С. во својство на извршен директор на АД „Велеспром“ Велес, заедно со останатите пријавени во својство на неизвршни членови на Одбор на директори на АД „Велеспром“ Велес, постапувале спротивно на Закон за трговски друштва, како и спротивно од Законот за стечај.  Истовремено, пријавените како членови на Одборот на директори на АД „Велеспром“, спротивно на  Закон за трговски друштва,  кога друштвото е несолвентно, и сметката е блокирана повеќе од 45 дена, без одлука од надлежен орган и без склучен договор прифатиле фиктивни фактури за адвокатски паушал, за извршени адвокатски услуги од адвокат  С.Л. член на одборот на директори на АД „Велеспром“ , во вредност од 960 000  денари, иако знаеле дека тоа преставува зделка со заинтересирана страна . Со тие пари, всушност е платен долг на „Велешко езеро“ кој АД „Велеспром“ го превзел, без претходно донесена одлука на Управен одбор.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »