речник контакт

СВР Велес потврдува има поплаки за силни детоанции во Превалец

СВР Велес потврдува дека имало бројни поплаки од жителите на велешката населба Превалец поради силните детонации од блискиот каменолом, но дека тие не биле така чести како што се жалат превалчани.Сега се жалат и жителите од населба Тунел 2 дека и тие ги чувствуаат детоанциите.

Петар Печков

  По неодамнешното пишување за проблемот кој ги мачи илјада жители и двеста куќи од оваа приградска населба на Велес, полицијата излезе со бројки колку пати е минирано  во каменоломот кој работи во фабриката за вар. Во меѓувреме бројот на граѓани кои се жалат  на јачината на детонациите и потреси се зголеми, со жители од населбата Тунел 2 во Велес.

Има поплаки од жителите на населба Превалец за детонации и јачината на тресењето, последица на минирањето во тамошниот каменолом.  Во месец март имало осум минирања, во април едно на 14-ти  и досега во мај едно, на 13-ти. Во сите случаи  СВР Велес секогаш кога е повикан, бил на обезбедување на локацијата каде се врши минирање. Минирањето го врши рударски инженер, се запазуваат процедурите има звучна најава, теренот се обезбедува, експлозивот се контролира. Иако немаме  обврска ние присуствуваме, секогаш кога ќе не повикаат – велат во СВР Велес, но немаат информации зошто сега, кога со каменоломот управува нов сопственик, детонациите се толку посилни во споредба со детонациите од пред една година, кога со каменоломот управуваше АД Киро Ќучук. 

Наспроти ваквите објаснувања од надлежните, на жителите на Превалец им се придружија и жителите од велешката населба Тунел 2, кои велат дека поради силните и чести детонации има силни потреси кои наликуваат на земјотрес. Поради ова повеќе куќи се оштетени со напукнувања, имало и искршени прозори а сирената како најава за минирање не се слушала ни во дворот на каменоломот а не во населбата и пошироко.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »